Утрински Весник
Македонија

Сиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан”

Image 2026 11 05 175322784.png

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари работна средба со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан”, посветена на регионалната соработка и европската перспектива на земјите од Западен Балкан.

На средбата со Ирена Андраси (Хрватска), Јоанис Враилас (Грција), Балинт Одор (Унгарија), Винченцо Челесте (Италија), Јурај Ноциар (Словачка) и Владимир Бертл (Чешка), таа им се заблагодари за поддршката.


Таа нагласи дека и покрај блокадата во пристапниот процес, солидното ниво на усогласеност на нашето законодавство со правото на Европската Унија и стопроцентната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ ја потврдуваат македонската посветеност на евроинтегративниот процес.

Како дополнителна потврда за тоа, таа го посочи забрзаното спроведување на Реформската агенда, наведено и во овогодишниот извештај на Европската комисија.

Сиљановска-Давкова изрази очекување дека интензивирањето на македонскиот пристапен процес и интеграцијата на регионот ќе биде приоритет на претстојните претседателства со Советот на Европската Унија, особено за време на претседателствувањето на Грција и Италија, како пријатели на Западен Балкан.

Можете да прочитате

Шасивари – О’Калахан: Ирска е важен партнер во унапредувањето на реформите и европската агенда

Савески: Обвинителството ја следи ситуацијата со Алта банка, засега е рано да се зборува за истрага

Мицкоски: Секој штедач и доверител на „Алта банка“ ќе биде обесштетен до последниот цент и денар