Утрински Весник
Македонија

Јаневска: Ќе го рестартираме образованието заедно со сите чинители

Vesna Janevska 07.06.2024 960x540 1.jpg

-Ќе се обидеме да го рестратираме образованието за да биде добро, бидејќи состојбата во оваа област е многу лоша и ќе треба многу работа и многу време, но мораме да почнеме, рече Весна Јаневска, претседателката на Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа.

Јаневска посочи дека се направени многу грешки во изминатиот период во образовниот процес на сите нивоа.

-Направени се многу грешки и метафорично кажано може да ни се случи некои книги да ги лепиме. Значи не во буквална смисла да лепиме, туку да ги средуваме, вели Јаневска.

Посочи дека стратегијата во наредниот период министерството ќе ја прави со сите чинители.

-Стратегијата ќе ја правиме со сите чинители во образованието, од вработени до родители. Мора сите да ги консултираме, мора сите да се вклучени во секоја смисла и запознаени со тоа што се прави, а секако ќе ги слушаме нивните потреби, кажа Јаневска.

Укажа дека идејата е да имаме контиунирано подобрување на квалитетот на образованието, а не драстични промени.

-Не смее да има такви промени, толку да пропаѓа образованието и квалитетот. Но, тоа е факт и го гледаме од тестирањата и домашни и странски. Тоа мора да се смени, мора да има континуитет, вели Јаневска.

-Можеме скоро да добиеме резултати од обуки на наставници, потоа воспитување на ученици, како и создавање свест колку е важно образованието. Тоа се работи од кои може брзо да има резултати, кажа Јаневска.

Можете да прочитате

Дизелот повторно поскапува – 24info.mk

Лога: Со распуштањето на Судски совет и Советот на јавни обвинители се загрозува судската независност

Пријавени 47 нови случаи на голема кашлица, вкупно има 746 заболени во државава