Утрински Весник
Економија

Државни претпријатија се вклучуваат во санација на улици и патишта оштетени од поплавите во Делчево и Крива Паланка

Државни претпријатија се вклучуваат во санација на улици и патишта оштетени од поплавите во Делчево и Крива Паланка

Владата ја разгледа и усвои информацијата за преземени активности во врска со прогласената кризна состојба на дел од територијата на државата, на подрачјата на Општина Делчево и Општина Крива Паланка и донесе одлука за утврдување на општинските патишта и улици, за коишто работите за рехабилитација и реконстуркција ќе ги вршат јавни државни претпријатија.

dobivaj vesti na viber

Со одлуката, како што е образложено од предлагачот, Министерството за транспорт и врски, практично се овозможува на Јавното претпријатие за одржување магистрални и регионални патишта и на Јавното претпријатие за државни патишта – и покрај тоа што станува збор за општински улици и патишта, во интерес на граѓаните, да ги преземат сите потребни мерки и активности за санирање, заштита и реконструирање на улиците во општините Делчево и Крива Паланка.

Oва е направено по доставено известување од Општината Крива Паланка, со листа на приоритети за санација на штетите на инфраструктура коишто се во надлежност на општината и листа на приоритети на инфраструктурни објекти коишто се во надлежност на републиката, како и доставено известување од Општина Делчево, со листа на приоритети за улиците, атмосферските канализации, регулација на реките и мостот на река Брегалница.

Со цел ефикасност во постапувањето, Владата ги задолжи Јавното претпријатие за државни патишта и Јавното претпријатие за одржување магистрални и регионални патишта, во рок од 6 месеци, да достават Извештај за извршената рехабилитација и реконструкција на утврдените општински улици и патишта.

Можете да прочитате

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман за набавка на еколошки автобуси

Стојаноски: Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ постигна историски договор со најниска каматна стапка за стопанството

Денови на финансиска писменост – 24info.mk