Утрински Весник
Економија

Филипче од Свети Николе: Криминалната власт ги остави граѓаните без помош, а земјоделците ги извиси

Venkosdsmsvetinikolefinal.jpg

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска беше во посета на Свети Николе, каде што имаше средби со граѓани и со земјоделци, на кои што разговараше за секојдневните проблеми со кои се соочуваат граѓаните од овој регион. Филипче нагласи дека криминалната власт на ВМРО во среде криза ги остави граѓаните без помош, а земјоделците ги извиси.

„Граѓаните ги споделуваат со нас секојдневните проблеми огромни, натрупани, без никаква грижа и помош од власта. На огромни трошоци за горивото коешто достигна и 105 денари за литар, нема никаква помош за ниту една критична категорија на граѓани на коишто им е навистина потребна. Пензионерите се со најмалите пензии, социјалните случаи, семејствата со многу деца и луѓето со минимална плата”, рече Филипче.


Филипче посочи дека СДСМ во Собранието предложи мерки за зголемување на минималната плата на 600 евра, како и финансиска поддршка за земјоделците погодени од кризата. Тој порача,  власта да ги разгледа овие предлози и да одговори на барањата на граѓаните.

„Разговаравме за нашите предлози во Собранието, предлог Закон за зголемување на минималната плата од 600 евра и предлог Закон за поддршка финансиска во оваа криза во која се наоќа земјоделството, за што се надевам дека оваа ненародна, криминална, корумпирана и антимакедонска власт навистина ќе излезе во пресрет и ќе даде поддршка, односно дека барем еднаш во овој изминат период ќе го слушне гласот на народот”, рече Филипче.

Можете да прочитате

Угостителските услуги за една година поскапеле 3,8 отсто

Засега нема подоцна да се оди во пензија, системот е стабилен, уверува Мицкоски

СДСМ: ПИОМ е пред колапс, дупката расте поради арамиите- поголеми придонеси не се решeние