Утрински Весник
Магазин

Во Танзанија пронајдени мртви десет лава, најверојатно биле отруени

Lav.png

„Во заштитеното подрачје Нгоронгоро во Танзанија пронајдени мртви десет лава“, соопштија надлежните на Танзанија.

Истрагата покажала дека животните најверојатно биле отруени. За случајот е започната сеопфатна истрага, како и потрага по сторителите.


Во Танзанија лавовите понекогаш се убиваат од одмазда поради напади врз добитокот.

Нгоронгоро се наоѓа на листата на УНЕСКО во кое живее етничката група Масаи заедно со своите стада.

Можете да прочитате

Истражување: 10 професии што најчесто водат кон развод

Безос: ВИ би можела да ни донесе тридневна работна седмица

Може ли диоптријата да се „излечи“ без очила, науката го даде одговорот