Утрински Весник
Магазин

Ана Стојаноска подготвена да ги брани боите на македонското знаме на Јуниорскиот евросонг

20261023151304 big 730x400 60.webp.webp

По една недела интензивни проби во Малта, Ана Стојаноска е подготвена да ги брани боите на македонското знаме на 24-тото издание на Јуниорскиот евросонг. 

Од вчера (петок) во 23:59ч и денес (сабота) до 20:59 часот е отворено онлајн гласањето за фестивалот каде што македонските граѓани можат да гласаат за нашата претставничка. 


Гласањето е бесплатно и достапно на следниот линк: https://vote.eurovision.com/. 

Шеснаесет петчлени жирија ширум Европа ќе ги оценуваат изведбите на најмалите големи таленти, меѓу кои е и нашата Ана и песната „Идната јас“. Според евровизискиот модел, одлуката на жирито е само 50 отсто од финалниот резултат, односно нивните поени подоцна се комбинираат со гласовите добиени од публиката и на тој начин се рангираат учесниците.

Преносот во живо на Јуниорскиот евросонг може да се следи на Националниот сервис вечерва со почеток во 21 часот.

Можете да прочитате

Италија успешно ја брани титулата гигант во производството на тестенини

Дневен хороскоп: сабота за мали чекори и појасни договори

Нина Талеска освои сребрен медал на Светското првенство во хип-хоп во Полска