Утрински Весник
Македонија

„Платформа 12:05“: Сите ви се виновни за поразите, само Филипче не!

Img 6403.jpeg

Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ упатија остри критики до раководството на СДСМ и до Венко Филипче по денешната прес-конференција на Јовица Радески. Во писмена реакција тврдат дека Радески бил принуден јавно да ја докажува својата лојалност кон партијата, откако тие му честитале за настапот на изборите.

Според организаторите, раководството ја префрла одговорноста за изборните порази врз други, додека Филипче, како што наведуваат, не презема одговорност.


„Денес го принудија другарот Јовица Радески да излезе на прес-конференција само затоа што му честитавме за неговиот достоинствен настап на изборите. Барале од него да им ја докажува лојалноста“, се наведува во реакцијата.

Организаторите јавно го повикуваат раководството на СДСМ да посочи барем едно лице од „Разговори за иднината во 12:05“ кое, според обвинувањата на кои реагираат, агитирало против кандидатот на партијата во Брвеница.

„Доколку од ‘Разговори за иднината во 12:05’ зависи дали кандидатите на СДСМ победуваат, тогаш ова дезориентирано партиско раководство самото признава дека мора да си замине“, порачуваат организаторите.

Во соопштението изнесуваат и обвинувања дека актуелното раководство му служи на Христијан Мицкоски, а Филипче го обвинуваат за учество во, како што го нарекуваат, „највалканиот политички дил во последните 35 години“.

Можете да прочитате

Паметни телефони, „паметни“ измами и обични луѓе

СДСМ: Власта штанца кривични по нарачка за неисплатени пари – додека го штити криминалот на Мицкоски

Кривична пријава против Макрадули: Сомнежи дека неплатени долгови ја чинеле „Пошта“ речиси 11 милиони денари камата