Утрински Весник
Македонија

Многу лошо за овошките: И понатаму наутро ќе имаме силен мраз!

Meteoalarm.mk 21 1.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Ноќва 8 кон 9 април 2025 ќе имаме ведро и повторно многу ладно време, невообичано за месец април и со температури кои се пониски од просечните дури и за повеќе од 10 степени. Речиси насекаде ќе имаме минусни температури, и до утре (среда 9 април) наутро, тие ќе се спуштаат во интервалот од -9 до 1 степен.


На високите планини тие повторно би можеле да се спуштат и под -10 степени.

Поради ниските температури кои се очекуваат, повторно ќе има појава на посилен мраз, кој особено лошо ќе се одражи врз овошките и врз расцутените дрвца.

Многу ниски температури на воздухот во ноќните  и во утринските часови ќе имаме и во текот на утрешната ноќ (9 кон 10 април), а потоа тие постепено ќе растат, а  и преку ден ќе бележат тенденција на постепен пораст.

Можете да прочитате

За излегување на АА од Владата одлучува премиерот, во Собранието нема нова распределба на пратеници

Шефот на црногорската дипломатија Ибрахимовиќ во официјална посета на земјава

Променливо облачно со локални врнежи од дожд и грмежи