Утрински Весник
Македонија

До 14 часот гласале над 28% од регистрираните членови на СДСМ

Viki 1.jpg

Текот на гласањето се одвива во најдобар ред, во една демократска и фер атмосфера, отворени се сите 77 избирачки места а излезноста до 14.00 часот е 28,6%, рече денеска претседателката на Централната изборна комисија, Викторија Аврамовска Мадиќ информирајќи за текот на гласањето на вонредените внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

-Во името на Централната изборна комисија дозволете да информирам за досегашниот тек на гласањето за избор на претседател на СДСМ на вонредените внатрепартиски избори. Денеска, текот на гласањето се одвива во најдобар ред, во една демократска и фер атмосфера. Во 08.00 часот утринава отворени се сите 77 избирачки места. Гласањето ќе трае до 20.00 часот. Во моментов, пресекот којшто го направи Централната изборна комисија е до 14.00 часот, од вкупно запишаните во избирачкиот список за избор на претседател на СДСМ, излезени се 6.760 членови или 28.61%. По завршување на гласањето ќе информираме и за резултатите и за вкупната излезност, рече Мадиќ.

Можете да прочитате

Тешка сообраќајка на патот Горно Лисиче – Долно Лисиче

Леон не беше поканет на роденден, но доби изненадување што го допре цело Скопје

Детали за кражбата на кабли во која е вмешан и полицаец: Направиле штета од 160.000 евра и пожар па граѓаните останале без струја