Утрински Весник
Спорт

Дисциплинската комисија на Евролигата го казни Панатинаикос со 24.000 евра

Lopta Evroliga 180701.jpeg

Дисциплинската комисија на Евролигата денеска го казни Панатинаикос со 24.000 евра поради инциденти за време и по петтиот натпревар од четвртфиналната плејоф серија против Макаби.

„Панатинаикос е казнет до 24.000 евра поради палење факели и упад на теренот по мечот на домашен терен против Макаби“, стои во соопштението на веб-страницата на Евролигата.

Шесткратниот европски првак го совлада Макаби со 81:72 во петтиот меч од четвртфиналната серија и за првпат по 2012 година обезбеди пласман на фајналфор.

Можете да прочитате

Игрите во Париз ќе бидат најпосетени во олимписката историја

Франција вечерва подготвува спектакуларно отворање на 33. Олимписки игри

ОИ 2024: Надал може да се откаже од настап во сингл