Утрински Весник
Македонија

Вознемирувачки случај во скопски автобус: Маж допирал малолетничка по телото, мајката пријавила во полиција

Whatsapp image 2026 04 28 at 14.09.03.jpeg

Четириесет и петгодишна жена пријавила во полиција дека нејзината малолетна ќерка била недолично допирана од повозрасен маж додека се возела во автобус на подрачјето на скопската општина Центар.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен синоќа во 21:40 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје.


Според пријавата, инцидентот се случил претходно истиот ден, околу 18:35 часот, кога повозрасно машко лице ја допирало малолетничката по телото додека се наоѓала во автобус.

Мајката го пријавила настанот во полиција, по што надлежните започнале со преземање мерки за расчистување на случајот.

Засега не се соопштени дополнителни информации за идентитетот на пријавеното лице, ниту за автобусот во кој се случил настанот.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Арсенал оружје пронајден во дом на скопјанец

Повредено лице чекало помош, но Итната помош не испратила екипа – кривични пријави за двајца вработени во Тетово

Хаос во обложувалница во Аеродром: Тројца скопјани се степале, кршеле шишиња и чаши