Утрински Весник
Свет

Неа демократија на Мицотакис со двојно водство пред СИРИЗА на Ципрас

Неа демократија на Мицотакис со двојно водство пред СИРИЗА на Ципрас

По пребројани 38,14 отсто од гласовите, според официјалните податоци од грчкото Министерство за внатрешни работи, на парламентарните избори во Грција, Неа демократија убедливо води пред СИРИЗА со над 20 отсто повеќе гласови, а во Парламентот место обезбедуваат пет партии.

dobivaj vesti na viber

Според процентот на освоени гласови и идни пратенички места:

  • Неа демократија 41,09 отсто и 145 пратенички места
  • СИРИЗА 20,03 проценти и 71 пратеничко место
  • ПАСОК- Движење на промена 12,38 отсто – 44 пратенички места
  • Комунистичка партија на Грција 6,87 отсто- 24 пратенички места
  • Грчко решение 4,52 отсто и 16 пратенички места

Со изборните резултати и пропорционалниот модел, Неа демократија нема можност да формира еднопартиска Влада, па така, се очекува да се одржат втори избори на почетокот на јули.

Излезноста, според првичните официјални информации е 56,8 отсто. Излезните анкети го предвидеа реаултатот.

Можете да прочитате

Невработеноста во Германија во јули порасна на 6,4 проценти, без работа повеќе од три милиони луѓе

Бројот на загинати во мигрантската криза во Сеута се искачи на 27, Санчез пристигна во енклавата

Четири лица загинаа во лавината во северен Пакистан, по шест сè уште се трага