Утрински Весник
Македонија

Девет мигранти од Сирија пронајдени во возило кое се движело од Гевгелија кон Скопје

Migranti.webp.webp

Вчера во 18.10 часот во Полициската станица за граничен надзор Михајлово било пријавено дека во тунелот на „Јаворица“, во правец од Гевгелија кон Скопје, било забележано возило кое превезува мигранти, извести МВР.

Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово излегле на местото и затекнале патничко возило „форд мондео“ со скопски регистарски ознаки и при преглед во него биле пронајдени девет лица мигранти од Сирија, соопшти МВР.

Мигрантите бил предадени во полициска станица понатамошна постапка, а при извршена проверка било утврдено дека регистарските таблички припаѓаат на друго возило од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Тетовец тврдел дека дедо му и баба му му украле 3,5 милиони денари, заработи кривична

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

Николоски: Македонија самостојно го решава проблемот со транспортерите преку билатерални договори