Утрински Весник
Свет

Русија ја обвини Украина дека користела американски ракети за да нападне цивилни цели во Луганск

20240607152738 Big 730x400 73.webp.webp

Руското Министерство за одбрана ги обвини вооружените сили на Украина дека денеска истрелале пет ракети АТАКМС, испорачани од САД, врз источниот украински град Луганск, кој е под контрола на Русија.

Руското Министерство за вонредни состојби соопшти дека во нападот загинале три лица, а 35 се повредени, меѓу кои и деца, пренесоа британските медиуми.

Како што посочи руското Министерство за одбрана, четири од петте проектили биле соборени од системи за противвоздушна одбрана, но еден од нив погодил станбен блок.

-Денеска во 11 часот по московско време, режимот во Киев изврши злосторство против цивилното население на Народната Република Луганск користејќи оружје обезбедено од Запад. Станбените области на градот Луганск беа цел на пет ракети АТАКМС од американско производство, соопшти Министерството за одбрана, цитирано од руските медиуми.

Специјалниот пратеник на руското МНР, Родион Мирошник, предупреди дека е „можен е втор ракетен напад“.

Во моментов нема реакција од украинска страна за тоа што се случило.

Можете да прочитате

Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Канада, Австралија и Нов Зеланд бараат од Израел веднаш да ги прекине операциите во Газа

Meta затвори 63.000 профили на Instagram поврзани со измама и уцена