Утрински Весник
Спорт

Боксот речиси сигурно ќе биде исфрлен од Олимпијадата по 2024

Боксот речиси сигурно ќе биде исфрлен од Олимпијадата по 2024

Иднината на аматерскиот бокс на Олимписките игри е многу неизвесна, откако на седницата на Интернационалната боксерска асоцијација (ИБА) во Ереван, Ерменија, не се доволи да има друг кандидат за претседател освен актуелниот Умар Кремљов.

dobivaj vesti na viber

По 45-минута пауза откако снема струја во ерменската престолнина, Русинот Кремљов доби доверба со 106-36 кај кандидатите, што речиси сигурно значи исфрлање на спортот од Олимпијадата во Лос Анџелес во 2028 година. Вонредниот конгрес на ИБА беше оддржан откако холандскиот делегат Борис ван дер Форст успешно се жалеше на одлуката да го спречат да биде кандидат за претседател во мај поради прекршувањето на правилата за кампања. Холанѓанецот потоаго доби случајот пред Судот за арбитража во спортот (ЦАС).

Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) веќе изрази „голема загриженост“ за ИБА, откако го исклучи спортот од ОИ во 2028, додека во Париз во 2024 година ИБА нема да го организира натпреварувањето, туку ИОЦ ќе формира посебна комисија која ќе го води спортот.

Можете да прочитате

Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА