Утрински Весник
Македонија

Безбедносните служби одлучуваат дали Џамбаски ќе може да влезе во Македонија

Безбедносните служби одлучуваат дали Џамбаски ќе може да влезе во Македонија

Безбедносните служби ги прават извештаите и анализите, согласно кои ќе се одлучи дали европратеникот, Ангел Џамбаски, ќе може да влезе во Македонија или ќе биде персона нон-грата и ќе остане на граница. Ова е заклучокот од одговорот на премиерот, Димитар Ковачевски за пратениците, кои прашаа дали ќе се прифати предлогот на Советот на безбедност. Освен Џамбаски, предлогот е на списокот да се најдат и други лица од Бугарија.

dobivaj vesti na viber

„Странец кој има намера да присуствува до 90 дена во државата или во било кој период до 180 дена, може да му се забрани престој односно влез во С. Македонија доколку е лице кое во системот за контрола има забрана за влез, доколку претставува закана за јавниот поредок, националната безбедност, меѓународните односи. Согласно со извештаите, анализите на безбедносните служби на државата и кои што ги има МВР, на денот на одбележувањето, како и во деновите претходно, МВР ќе постапи согласно податоците кои ги има од свои извори и од службите, согласно со заклучокот на Владата, МВР да обезбеди мирно чествување на 4-ти февруари, роденден на Гоце Делчев“, кажа Ковачевски.

Ковачевски пред пратениците кажа дека МВР работи на тоа прославата на 4 февруари да помине во мирна атмосфера и без инциденти.

„Настанот е карактеризиран како настан со висок ризик во однос на изјавите кои доаѓаат како од внатре така и од надвор. Согласно со тоа МВР е задолжено да организира мирно чествување на овој настан. За таа цел, МВР ги презема потребните активности“, кажа Ковачевски.

Премиерот е дециден дека нема антибугарска хистерија.

„Во Северна Македонија не постои антибугарска хистерија. За инцидентите има одговорни лица со имиња и презимиња. Не може цела нација да се обвини за постапки на неколкумина поединци. Македонија презема се согласно процедурите и продолжува да биде конструктивен партнер и во регионот и во ЕУ“, додава Ковачевски.

 

Можете да прочитате

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување против инспектори од ДПИ

Приведен крадец во Берово – 24info.mk

Две од трите приведени лица за убиството на докторот во Железара добија куќен притвор