Утрински Весник
Скопје

Без струја повеќе улици во Скопје

Struja.webp.webp

Без струја денеска од 8 до 10 денеска ќе останат корисниците од улицата „Антон Попов“ и Основното општинско училиште „Кузман Јосифовски-Питу“ во општина Кисела Вода, а од 9 до 12 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат дел од корисниците на улицата „31“ во населбата Волково, во општина Ѓорче Петров, како и дел од жителите на селото Добри Дол во општина Сопиште.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекин во снабдувањето со електрична енергија од 10 до 14 часот е најавен и за дел од корисниците на улицата 81 и околните улици во Волково, во општина Ѓорче Петров, а од 9:30 до 14:30 часот без струја ќе останат дел од улиците во околината на Старечкиот дом во Ѓорче Петров.


Според РЦУК, прекинот е поради зафати на електродистрибутивната мрежа. 

Можете да прочитате

Делови од Чаир, Ѓорче Петров и Центар денеска без струја

Нова капитална инвестиција на Пивара Скопје: Катна гаража вредна 2,8 милиони евра

Меџити: За една година обновивме 60% од инвентарот во основните училишта во Чаир