Бен Афлек се чувствувал многу лошо бидејќи пиел премногу за време на снимањето на „Лига на правдата“ (Justice League).
50-годишниот актер во 2017 година откри дека бил на третман за одвикнување зависност од алкохол една година по објавувањето на суперхеројскиот филм на режисерот Зек Снајдер, во кој тој го глумеше Бетмен.
Тој за „Холивуд репортер“ изјави за работата на филмот, кој, како што рече, му оставил монструозен вкус во устата. „’Лигата на правдата’ ме натера да сфатам дека сум целосно аут. Никогаш повеќе не сакам да правам ништо од ова. Не ми одговара“.
„Тоа беше најлошото искуство што некогаш сум го видел во овој бизнис, кој е полн со непријатни искуства. Ми го скрши срцето“.
Филмот беше оптоварен со тешкотии и многу драма, со постојано преработување и повторно снимање затоа што режисерот Зак го напушти проектот кога неговата ќерка се самоуби на 20-годишна возраст во 2017 година.
„Почнав да пијам премногу. Се вратив во хотелот во Лондон, или беше алкохолот или да скокнам од прозорецот. Си помислив: ова не е животот што го сакам. Моите деца не се тука. Јас сум мизерен“.