Утрински Весник
Магазин

Пратеникот Сергеј Попов вечерва стапи во брак со Моника!

Img 7245.jpeg

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, вечерва стапува во брак со својата долгогодишна избраничка Моника.

Во свечена атмосфера, опкружени со семејството, роднините, пријателите и бројни гости, младенците ја крунисуваат својата љубов и започнуваат ново животно поглавје.


На фотографијата од свадбената веселба, младенците се фотографирани заедно со премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, генералниот секретар, Драган Ковачки, директорот на Службата за општи и заеднички работи Томовски, како и поранешниот генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ, Ѓорѓи Сајковски.

На младенците им посакуваме многу љубов, здравје, среќа и меѓусебно разбирање, како и безброј убави моменти во заедничкиот живот. Нека оваа вечер остане незаборавен спомен и почеток на едно успешно и среќно семејство. 

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 30 Јули 2026 година

Не влегувајте во кавги на 29 јули: Полната Месечина носи период на засилени емоции

Санџак Курт е нов генерален директор на Лимак Скопје