Утрински Весник
Магазин

Аријана Гранде бара од Белата куќа да не се користи нејзина песна во антиимигрантско видео

Arijana g.jpg

Американската поп-ѕвезда Аријана Гранде побара од Белата куќа да не ја користат нејзината музика во видео што американската администрација го користи за да ја промовира својата имиграциска политика на „Тикток“.

Белата куќа во понеделникот објави видео на кое се гледаат агенти на Службата за имиграција и царина (ИЦЕ) како им ставаат лисици на луѓе додека во заднината се слуша хитот на Аријана Гранде „Bye“ (Довидување) од 2024 година. Акциите на агентите на ИЦЕ се одвиваат согласно Законот потпишан од американскиот претседател Доналд Трамп, со кој се одобрува финансирање на повеќе од 70 милијарди долари за имиграциските агенции и протерување нелегални доселеници за преостанатите две и пол години од неговото претседателствување.


„Ве молам, не ја користете мојата музика во врска со оваа варварска, нехумана, одвратна глупост“, напиша Гранде во коментар на објавата. 

Портпаролот на Белата куќа, Абигејл Џексон одговори на критиките на пејачката, велејќи дека нелегалните имигранти се оние кои вршат сериозни кривични дела.

– Она што е навистина варварско, нехумано и одвратно се криминалните нелегални странци кои повредиле и убиле невини американски граѓани, рече гласноговорничката.

Откако пејачката одговори на објавата, звукот од видеото беше исклучен, а нејзиниот коментар беше отстранет.

Минатата година, поп-пејачката Сабрина Карпентер, исто така, побара нејзината музика да не се користи во видеомонтажите откако Белата куќа во слично видео употреби дел од нејзината песна „Џуно“ од 2024 година.

„АББА“, Селин Дион и Бијонсе, исто така, инсистираа тимот на Трамп да не ја користи нивната музика за време на кампањата за реизбор во 2024 година.

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 12 Јуни 2026 година

Пукна канализациски цевковод во Пефкохори – властите забранија капење во морето

Ајзекмен ја брани посадата на „Артемис III“ составена исклучиво од мажи