Утрински Весник
Македонија

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ со четири прашања до Спасовски, бараат да понесе одговорност

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ со четири прашања до Спасовски, бараат да понесе одговорност
300x250 (7)

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски му постави на прес-конференција четири прашања на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски барајќи од него да понесе одговорност и да си замине од министерството.

dobivaj vesti na viber

„Директно барам одговор од МВР: Дали лицето Шукри Асани од Ласкарци со определен ЕМБГ поседува одобрение за оружје, издадено од првостепена комисија на МВР предводена од Музафер Каришиќ? Второ, дали на име Шукри Асани со истиот ЕМБГ од првото прашање во МВР е регистриран пиштол марка Глок, калибар 9 милиметри? Трето, дали за Шукри Асани со истиот ЕМБГ од првото прашање има полициско досие, или е замешан во најмалку еден случај „предизвикување на општа опасност” кога било употребено иогнено оружје? И четврто дали лицето Шукри Асани, со ист ЕМБГ од првото прашање, е дел од списокот лица за проверки од планот Безбеден град?“, праша Стоилковски.

300x250 (7)

Портпаролот рече дека конкретните точни одговори, ќе значат дека МВР издава одобренија на регистрирани криминалци од листата Безбеден град, дека комисијата составена од Оливер Спасовски водена од Музафер Каришиќ дава одобренија на луѓе за коишто има законски пречки за тоа, и најважно, дека Оливер Спасовски крие, стои зад вооружувањето, и ја мами јавноста за тоа.

За тоа, како што рече Стоилковски, Спасовски ќе мора да замине од министерството и да ги даде сите други одговори по коишто ќе следи одговорност.

Ss1

Можете да прочитате

По обработени над 90% гласови: Сиљановска Давкова освои 336.130, Пендаровски 167 388 гласови

Петров: Во вториот круг се почнува од нула, петте кандидати кои отпаднаа имаат голем број гласови

(ВИДЕО) Полициски кордон пред штабот на „Вреди“ кај Скендербег, се собираат поддржувачи на ДУИ