Утрински Весник
Македонија

Белимов: Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ предизвика колапс на јавниот превоз и хаос во Град Скопје

Белимов: Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ предизвика колапс на јавниот превоз и хаос во Град Скопје

Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ предизвика колапс на јавниот превоз и хаос во Град Скопје, изјави Никола Белимов член на Градската организација на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Утрово кулминираше сообраќајниот хаос предизвикан од неспособноста од градската власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Јавниот превоз е во колапс, а и останатите јавни претпријатија се во хаос. Студените денеска не можеа навреме да пристигнат на факултетите, учениците не можеа да стигант на часови, поради неспособноста и неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ. Скопје за првпат во историјата остана без јавен автобуски превоз, а денес сведочиме на тотален сообраќаен хаос. Не само што нема ништо од бесплатниот автобуски превоз, не само што нема нови автобуси, не само што ја нема фабриката за автобуси што Христијан Мицкоски ја најавуваше, туку не се менаџира ниту постоечкиот автобуски превоз“, рече Белимов.

Наместо реализацијата на ветувањата, додава Белимов, ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска создадоа катастрофа во Град Скопје.

Градската организација на СДСМ ја повика градоначалничката Арсовска и мнозинството во Советот предводено од ВМРО-ДПМНЕ итно да преземат мерки и оваа катастрофална ситуација да се надмине веднаш.

Скопјани не заслужуваат да живеат во парализиран град со нефункционален јавен превоз, заклучи Белимов.

Можете да прочитате

Бугарското МНР со нота ќе бара да им се обезбеди пристап на Бугарите на 4 февруари

Таравари повикува на смирување на тензиите меѓу Северна Македонија и Бугарија

Аеродром е првата општина што воведува текбол во основните училишта