Утрински Весник
Македонија

Ходаи: Како Кочо Анѓушев и натаму им предава на студенти откако е ставен на американската црна листа за корупција?

Img 9123.jpeg

Бленди Ходаи од Форумот за образовни промени побара академската заедница да отвори дебата за етичките стандарди и одговорноста на универзитетските професори. Во „Ноќно студио“ на 4ТВ тој го доведе во прашање наставниот ангажман на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев на Машинскиот факултет, повикувајќи се на неговото ставање на американската црна листа.

„Имаме професор што предава на Машинскиот факултет, кој се наоѓа на американската црна листа за корупција. Кочо Анѓушев е редовен професор на Машинскиот факултет кој им предава на студентите“, изјави Ходаи.


Според него, универзитетските професори, покрај тоа што им пренесуваат знаење на студентите, имаат одговорност и да им служат како пример.

„Ние моментално, во оваа ситуација, знаејќи дека се наоѓа на американската црна листа за корупција, мислиме дека тој не треба и не може да биде во аудиториумот со студентите и да им предава“, рече Ходаи.

Тој го поврза прашањето за ангажманот на Анѓушев со поширока дебата за академскиот интегритет и за улогата на универзитетите во образувањето на кадрите што подоцна раководат со јавните институции.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: Вработени во ЈСП затекнати како крадат нафта од гаражите во Ѓорче Петров

Тошковски најави повисоки плати и нови униформи за полицајците, „Безбеден град“ ќе добие подвижни радари

Ходаи: Ботовите од Белата палата не нападнаа откако го туживме МОН