Утрински Весник
Економија

„ЕСМ продажба“ ги испраќа по пошта договорите за субвенционирано снабдување, поевтина струја од 1 декември

Утре без струја делови на Сарај, Чучер Сандево и Студеничани
300x250 (7)

„ЕСМ продажба“ ги испрати по пошта договорите за снабдување по субвенционирана цена до речиси сите јавни основни и средни училишта што поднесоа пријави и кои ги исполнуваа условите, а за чии броила „ЕВН дистрибуција“ одобри снабдување. Тече испраќањето на договорите и на правните субјекти од прехранбената индустрија и тоа за оваа категорија ќе биде завршено до крајот на утрешниот ден. Најмал број пријавени субјекти произлегуваат од водостопанската дејност, кои исто така ќе ги добијат договорите, соопштија од компанијата.

dobivaj vesti na viber

„Субјектите за кои ‘Дистрибуција’ не одобрува снабдување на нивните броила или на дел од нивните броила се известуваат телефонски од страна на ‘ЕСМ продажба’ со цел субјектите да преземат мерки во однос на причините утврдени од ‘Дистрибуција’, а кои се пречка за тоа. Напоменуваме дека бројот на таквите случаи е мал.

Ss1

„ЕСМ продажба“ нагласува дека сите субјекти пријавени за дополнително снабдување по одлуката на Владата, а кои ги исполнуваат условите и чии броила се одобрени од ‘Дистрибуција’, ќе бидат снабдувани од ‘ЕСМ продажба’ од 1.12.2022, без оглед дали до тој датум ќе им пристигнат договорите по пошта или ќе им пристигнат по наведениот датум. Субјектите се веќе ставени во системот на ‘ЕСМ продажба’ и треба да ги прават своите пресметки за производниот и работниот процес врз основа на новата цена на електричната енергија што ќе ја плаќаат, а тоа е 80 е/MWh за прехранбената индустрија за основните производи и 95 е/MWh за училиштата и водостопанствата“.

Од 1 јануари 2023 година на субвенционирано снабдување ќе бидат приклучени сите субјекти што дополнително ќе се пријават во следниот период, како и оние што при првото пријавување немале комплетни документи и кои ќе ги комплетираат.

Ss1

Можете да прочитате

Доделување грантови од третиот повик на Регионалниот фонд за предизвици

Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март

Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање