Утрински Весник
Македонија

Ѓорѓиевски: Вработени во ЈСП затекнати како крадат нафта од гаражите во Ѓорче Петров

Img 9125.jpeg

Внатрешната контрола на ЈСП Скопје вечерва затекнала вработени како крадат значително количество нафта од гаражите на претпријатието во Ѓорче Петров, објави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на Фејсбук. Според него, веднаш била повикана полицијата.

Ѓорѓиевски најави дека вработените ќе бидат отстранети од работа и рече дека очекува Јавното обвинителство да отвори постапка за случајот. Во објавата не наведе колку вработени биле затекнати, ниту за колкаво количество гориво станува збор.


„Секој литар нафта во тие гаражи е платен со ваши пари за автобусите на ЈСП да ве однесат на работа, на училиште и дома“, напиша градоначалникот.

Ѓорѓиевски го посочи случајот како пример за она што го нарече долгогодишно системско уништување на градот и порача дека секој за кого ќе се утврди одговорност ќе биде санкциониран.

Можете да прочитате

Ходаи: Како Кочо Анѓушев и натаму им предава на студенти откако е ставен на американската црна листа за корупција?

Тошковски најави повисоки плати и нови униформи за полицајците, „Безбеден град“ ќе добие подвижни радари

Ходаи: Ботовите од Белата палата не нападнаа откако го туживме МОН