Утрински Весник
Спорт

Барса го издржа камбекот на Кјелце, Загреб декласиран во Германија

Барса го издржа камбекот на Кјелце, Загреб декласиран во Германија

Во дербито на неделата во Лигата на шампиони, Барселона и покрај фантастичниот камбек на Кјелце во второто полувреме, успеа да стигне до својата втора победа во новата сезона во европската елита со 32:28, додека ППД Загреб доживеа вистински потоп на гостувањето кај Магдебург, губејќи со огромни 35:25.

dobivaj vesti na viber

Иако се очекуваше да биде поизрамнето, Барса направи предност од пет гола на полувреме, најмногу благодарение на фантастичниот дански голман Емил Нилсен. Со Душебаев и Ремили, Кјелце успеа да се врати на само гол негатива (21:20), пред Барса повторно да се одвои за своја втора победа во два меча. Лудевик Фабрегас заврши со 6 гола за каталонскиот клуб, Гомез и Мем имаа по пет, додека во полскиот клуб, Аркадијуш Морито имаше шест топки во противничката мрежа.

Во првиот домашен меч на Магдебург по речиси 17 години пауза, поранешниот европски шампион доминираше од стартот до финишот против Загреб, не дозволувајќи никаква шанса на хрватскиот тим за враќање во игра.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 2.КОЛО

ГРУПА А
ГОГ – Динамо Букурешт 38:38 (21:20)
Магдебург – ППД Загреб 35:25 (17:12)

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-2465-42851”));

Standings provided by SofaScore

ГРУПА Ц
Нант – Пик Сегед 35:30 (17:15)
Барселона – Кјелце 32:28 (18:13)

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-2466-42851”));

Standings provided by SofaScore

Можете да прочитате

Фински новинари во опрема за нуркање се јавија од теренот во Подгорица

Пандев на селекторот Милевски му порача да молчи

Араухо оди на операција, ќе го пропушти СП