Утрински Весник
Економија

Азески: Изборите завршија, враќање на редовните колосеци – веднаш и сега 

Branko Azeski I Makedoni A 2025.jpg

Завршија двојните избори, седми по ред претседателски и единаесетти по ред парламентарни. Покрај честитките до победниците, посебни честитки за македонскиот народ кој покажа висока демократска зрелост и во голем број, без некои поголеми инциденти, потврди дека припаѓа на друштвото со европски вредности и јасно е определен да истрае на истите. Сѐ на сѐ, кога сѐ добро ќе се заврши не треба и многу да се коментира. Сега е сѐ јасно. Во наредните 10 години економијата како приоритет, градењето правна држава и систем на пазарни вредности како определена цел. Во сите случаи одговорноста и имплементацијата се најважните алатки во работењето на сите избрани личности, органи и тела. Тоа го бараше бизнисот. На тоа ќе истрае и јавно ќе критикува секоја појава која не е во согласност со овие постулати. Нашата држава е на сериозен испит, може или не може да опстои како модерен чинител на регионалната и европската сцена. 

Бидејќи изборите завршија од утре почнуваме со темпото на работа од пред изборите. Првите неколку активности оваа недела ќе бидат посетата на компанијата „Бехтел и Енка”, средбата со врвното раководството на мултинационалната компанија „Костал” од Германија, учеството на Самитот во Котор, каде ќе се состанат шесте претседатели на Влади и на Комори на земјите од Западен Балкан, а во петок во Комората ќе го примам раководството на „Македонија 2025″ кое одржува токму овие денови самит во Скопје. Ако на тоа ги надоврземе и редовните активности кои неделава се одвиваат во Комората со Советот на странски инвеститори и Центарот за циркуларна економија, јасно е дека време за чекање нема. Бизнисот бара враќање на редовните колосеци бидејќи приликите во регионот и во Европа се прилично неизвесни и проблематични.

За и ние да не шириме демагогија, на најавените настани мора да се појавиме со нови модерни и свежи идеи во согласност со условите и приликите. Така што посетата на „Бехтел и Енка”, водечката инвестиција кај нас во наредните години, треба да е поттик за сите вработени во Комората да ги посетат фирмите и да видат што се случува таму. Разговорите со врвното раководство на „Костал” мора да бидат прецизни и јасни за нивните очекувања од нас, затоа што странските инвеститори се значаен чинител во Комората и нивните оценки се од суштинска важност за нас. Самитот во Котор, на кој ќе се разгледува планот за новиот економски раст на ЕУ, мора во јавноста да не истакне како луѓе кои не губат време по разно-разни собири, туку изнесуваат свои предлози произлезени од компаниите за поддршката што треба да ја добијат од државите. Не, „ќе се залагаме за”, туку предлагаме „тоа и тоа”, треба да биде промената со која ќе го направиме нашиот метод на работа сосема поинаков.

П.С Активностите ќе се интензивираат до летните одмори, да ја искористиме оваа шанса и да го надоместиме времето кое што го потроши долгата изборна кампања.

Можете да прочитате

Зголемување на трговската размена: Турција и Северна Македонија целат кон 1 милијарда долари

Бислимовски најави продолжување на периодот за користење евтина струја за уште еден час

Најавата за нов заем очекувана, поважно е од каде и под кои услови ќе биде земен и како ќе биде потрошен, сметаат експертите