Утрински Весник
Спорт

Денвер ја победи Минесота и изедначи во серијата во НБА плејофот

20240513082022 Big 730x400 79.webp.webp

Денвер нагетс ноќеска ја победи Минесота тимбервулвс на гостински терен во четвртиот натпревар од второто коло на НБА плејофот со резултат 115:107.

Најефикасен кошаркар на паркетот беше Ентони Едвардс, кој постигна 44 поени, но и тоа не беше доволно Минесота да го избегне поразот.

Кај Нагетс, центарот Никола Јокиќ постигна 35 поени.

Резултатот во серијата прв до четири победи е 2:2. 

Следниот натпревар ќе се одигра на 15 мај на теренот на Денвер.

Можете да прочитате

Поранешниот претседател на Јапонската фудбалска федерација, Ташима, поднесе кандидатура за претседателските избори на ФИФА

Почина Владимир Секуловски, поранешен македонски репрезентативец

Светски шампион и европски медалисти на 55. „Златен гонг” во Скопје