Утрински Весник
Македонија

Стојанов за дел од адвокатите на судењето за „Пулс“: Арогантен однос и без почит кон судот и родителите

Img 8317.jpeg

„Нас не нè третираат како оштетена страна, туку како јавност. А ние сме родители што изгубиле нешто највредно“, рече Томче Стојков, татко на дете кое загина во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, тој изрази разочарување од односот кон семејствата на загинатите на судските рочишта и побара судот поцврсто да ја води постапката.

Стојков посочи дека родителите редовно присуствуваат на рочиштата во главниот судски процес и во другите постапки поврзани со трагедијата, со надеж дека ќе дознаат што се случило и кој сноси одговорност. Според него, текот на судењето сè повеќе се оддалечува од очекувањата на семејствата, а односот кон нив на рочиштата им носи дополнителна болка.


Тој го критикуваше и однесувањето на дел од адвокатите на обвинетите. Стојков го оцени нивниот настап како арогантен и рече дека на рочиштата, според него, се покажува непочитување кон судијката и обвинителите.

„Како времето одминува, работата како да излегува од колосек“, изјави Стојков.

Тој побара од судот да спречи одолговлекување на постапката. Во гостувањето изрази загриженост дека дел од сведочењата, изјавите и вештачењата, кои ги смета за спорни, го продолжуваат процесот.

За семејствата, рече Стојков, секое рочиште е повторно соочување со трагедијата. Нивното барање е случајот целосно да се расветли и да се утврди одговорноста за смртта на нивните деца.

Можете да прочитате

Стојков за маршевите за правда: Ни велат дека сме досадни и дека им пречиме на бизнисите

Системот ги имал законите, но некој не постапувал според нив – Наунов за трагедијата во Кочани

Наунов за „Пулс“: Очекувавме Дејан Јованов и неговиот син да преземат одговорност