Утрински Весник
Свет

Јапонија не ја укина смртната казна

Japonija.webp.webp

Владата на Јапонија, и покрај апелите на правните експерти, денеска го отфрли предлогот за укинување на смртната казна.

– Владата смета дека е несоодветно да се укине. Смртната казна е неизбежна за лице кое извршило исклучително тешко и грозоморно злосторство, изјави владиниот секретар Јошимаса Хајаши.

Комисија од 16 членови, меѓу кои и поранешни највисоки обвинители и полицајци, како и академици, вчера им предложија на Владата и на Парламентот да се формира тело кое би дебатирало дали да се задржи смртната казна во Јапонија.

Јапонија и САД се единствените држави од Г7, каде се изрекуваат смртни казни. 

Можете да прочитате

Зеленски би се сретнал со Путин, но не во Русија или Белорусија

Унгарија го симна ветото, ЕУ со помош од 90 милијарди евра за Украина

Хорор во Италија, мајка заедно со три деца скокнала од тераса од трет кат