Утрински Весник
Македонија

Ќе има уште лекови на позитивната листа, се прават анализи за тоа кои ќе бидат, изјави Таравари

Taravari Bir Bb.jpg

Комисија на Министерството за здравство анализира кои лекови треба следно да бидат ставени на позитивната листа на лекови.

-Имаме Комисија формирана од Министерството за здравство која треба да одлучи кои се побитните работи, кои лекови имаат приоритет, зборувам за целото население, кои ќе бидат ставени во позитивна листа. Сега не можам да кажам генерици или имиња на лекови бидејќи тоа е несериозно. Чекам комисијата која е компетентна и која треба врз база на сите фармако-економски и други анализи што ги прави да му предложи на Министерството за здравство кои ќе бидат следните лекови за позитивната листа, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари, на прес-конференција.

Тој потсети дека во првите 50 дена од Владата, листата се прошири со девет нови лекови.

За превентивните програми, рече тој дека се многу битни и дека се разговара тие да бидат проширени.

-Поуспешни ќе бидеме, не со лекови, туку со превентивни програми. Така помалку ќе имаме развиени форми на сериозни болести, меѓутоа треба да размислиме и да видиме што имаме во буџетот, што се можностите. Балансираме повеќе да ги истераме превентивните програми, секако и позитивната листа. Од друга страна се обидуваме да заштедима, рече Таравари.

Тој одговори и на реакциите дека за изминатите четири години 400 илјади евра биле скратени од превентивните програми од здруженија кои работат со пациентите со ХИВ и реакциите дека годинава ќе бил уште помал буџетот и не ќе можат да се покријат трошоците.

-Се надевам дека буџетот ќе биде сличен,но немаме дефинитивен буџет. Дозволете да видиме, па кога ќе биде подготвено ќе зборуваме за тоа точно, сега ги немам бројките пред мене. Меѓутоа, мислам дека цифрите ќе бидат слични, можеби може да има скратување, но не сериозно, што ќе го загрози животот на болните со ХИВ, рече Таравари.

Можете да прочитате

За новогодишна декорација Охрид ќе потроши 22 000 евра, а Струга 40 000 евра

Немате сила, ниту знаење, но поважно ја немате волјата на Албанците – Се огласи Груби по обвиненијата од Влен

Една училишна кујна е нерегистрирана, а четири се со недостатоци, утврдиле инспекторите на АХВ во Скопје