Утрински Весник
Спорт

Раул Гонзалес е новиот селектор на Србија

Untitled 2 12.jpg

По поразот од Италија во второто коло од квалификациите за ЕП 2026 (31:30), Ракометниот сојуз на Србија реши да бара нов селектор.

Медиумите во Србија утрово ја пренесоа веста дека 54-годишниот шпански стручњак Раул Гонзалес е нов селектор на српската ракометна репрезентација.

Оваа вест ја потврди генералниот секретар на Ракометниот сојуз на Србија, Иван Миливојевиќ.

„Договорот со Раул Гонзалес е потпишан по одигрувањето на натпреварот против Италија. Според одредбата во истиот, вистинскиот договор стапува на сила на 01.07.2025 година, односно од моментот кога господинот Раул Гонзалес повеќе нема да има обврски кон ПСЖ“.

Раул Гонзалес во светото на ракометот се прослави со вардар, кога во 2017 година ја освои Лигата на шампионите.

Во текот на својата тренерска кариера собра дури 24 трофеи, а последните седум сезони со голем успех го води ПСЖ.

Со селекцијата на Шпанија како играч освои бронзен медал на Олимписките игри во Атланта во 1996 година.

Според претседателот на Ракометниот сојуз на Србија глевна цел на Раул Гонзалес ќе биде да ја однесе Србија на Олимписките игри во 2028 година.

Можете да прочитате

Стојановски и Панчевски се најуспешните македонски шахисти на ЕП

Гречен Велш урна рекорд од 2009 година

ВТА ја избра тенисерката на годината