Утрински Весник
Македонија

Амбасадата на Србија најостро го осуди нападот на нејзиниот Конзулат во Куманово

20241129175844 Big 730x400 74.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Амбасадата на Република Србија во Република Северна Македонија денеска преку соопштение најостро го осудува вандалскиот чин што се случи вчера кога од фасадата на зградата на Конзулатот на Република Србија во Куманово, во доцните вечерни часови, младо машко лице, обвиено со албанско знаме, насилно ја отстранило таблата со грбот на Република Србија и натписот „Конзулат на Република Србија во Куманово – Почесен конзул“, напишан на српски и македонски јазик.

Притоа, се посочува понатаму во соопштението, Амбасадата на Република Србија во Скопје изразува длабока загриженост во врска со вчерашното сквернавење на државните симболи на Република Србија и загрозување на безбедноста на просториите на Конзулатот на Република Србија во Куманово, особено имајќи го предвид фактот дека просториите на дипломатско-конзуларните претставништва и резиденцијални објекти наменети за членовите на дипломатскиот персонал на Република Србија, не е првпат да бидат предмет на вандалски напади на територијата на Република Северна Македонија.

-Во овој поглед, Амбасадата нагласува дека е целосно посветена на соработка со надлежните органи на Република Северна Македонија, со цел што поскоро откривање и процесуирање на сторителот на насилниот чин, чиј идентитет може недвосмислено да се утврди врз основа на достапните снимки од безбедносни камери. Амбасадата на Република Србија останува посветена на негување пријателски односи со Република Северна Македонија и изразува уверување дека надлежните органи на земјата домаќин, во духот на развиените билатерални односи и добрососедството, ќе направат се за да се реши овој случај на адекватен начин, стои во соопштението од српската Амбасада кон кое е прикачена и видео-снимка од инцидентот.

Можете да прочитате

Македонското радио одбележува 81 година од постоењето

Утрово најстудено во Берово, „најтопло“ на Попова Шапка

ВМРО-ДПМНЕ: Ако воопшто ги има, Филипче да ги објави документите од преговорите за работа во Дубаи