Утрински Весник
Македонија

Дали поради Христовски ќе се скараат Апасиев и носителот на Левица во ИЕ6?

Image 9.png

Пратеникот од Левица Димитар Апасиев вчера од собраниската говорница ја проблематизираше дипломата на директорот на АНБ, Бојан Христовски.

„Според мојата педантна анализа, од 9 услови, кај Бојан Христовски проблематични се дури 5. Досега беше оспорувано само тоа дека нема 12 години работно искуство во АНБ со 5 години на раководни позиции. Второто што се проблематизираше, беше меѓународниот сертификат ТОЕФЛ кој што е набавен од Бугарија и за кој што има и темплејт и еве вие како универзитетски професор знаете, а го имам и јас, па знаеме дека не е како овој што го доставил Христовски. Треба и да не е член на политичка партија, а бил, како и да нема судир на интереси, што е проблематично, зашто во ист ден ако не се лажам, беше избран и за асистент на Факултетот за безбедност“,рече Апасиев поставувајќи прашање кон премиерот Христијан Мицкоски.

Она што јас сега сакам да го проблематизирам, породлжи Апасиев, е алинејата 3 од членот 10, која вели вака: Лицето да има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС (Европскиот кредит-трансфер систем), односно 7/1 степен на образование, во научните подрачја: 3 (општествени науки, природно-математички и техничко-технолошки науки). Од сивито на конкретниот господин, увидуваме дека тој има завршено Факултет за физичка култура што не спаѓа во овие, има магистрирано на Факултетот за безбедност што не спаѓа, бидејќи се бараат овие за додипломски и како единствена диплома што е релевантна, се општествените науки од приватната високообразовна установа Факултет за туризам и менаџмент Скопје во делот на општествени науки, односно економски науки.

Дипломата и назначувањето на Христовски за прв човек на АНБ отвори многу полемика, откако прашањата ги отвори СДСМ, а Левица продолжи.

Но прашање е дали нападот на Апасиев кон Христовски, може да ги разниша неговите односи со Игор Димески член на Левица и носител на листата на пратеници на последните избори во ИЕ6.

Инаку Бојан Христовски е зет за ќерка на Игор Димески.

Можете да прочитате

Велковски: Македонската држава три децении пример за хуманост и солидарност кон бегалците и мигрантите

Намалена видливост поради магла на Плетвар, сообраќајот се одвива тековно во зимски услови

ДКСК повикува на транспарентност и анализа при донесување на измените на Законот за јавни набавки