Утрински Весник
Македонија

Јакимовски до Бујар Османи: Што лошо имаме ние со Србите, зарем Македонија не направи доволно за Косово?

Image 2.png
Img 5587

Бујар Османи свој леб јаде, туѓо гајле бере, вели кандидатот за престеседател Стевчо Јакимовски.

– Цело време го слушаме како бере гајле за Косово, за Косоварите, но никако да предложи нешто за подобар живот на граѓаните на Република Македонија. Па оттука ни кажува дека ако Косово некаде не било повикано на состанок, дека тој нема да присуствува како Претседател на Република Македонија, или морало да се гласа за влез на Косово во Советот на Европа. Јас само би го прашал господинот Османи: Зарем Македонија не стори доволно за Косово? Но во исто време сакам да го прашам господинот Османи: Води ли сметка дека во оваа држава има и други етнички заедници и води ли сметка дека ние имаме и некој друг сосед? Што лошо ние имаме со Србите? Значи ние мораме да имаме избалансиран однос со сите соседи, вклучувајќи го и Косово и Република Србија и Албанија, Грција и Бугарија. Значи ние не можеме да водиме политики кој како сака и само да бидат тоа еднонасочни политики, вели Јакимовски.

Img 5587

Јакимовски го праша Османи и зошто тој молчи за воената интервенција на Израел врз појасот Газа.

– Но во исто време јас сакам да го прашам господинот Бујар Османи како муслиман, како министер за надворешни работи, пред сѐ како човек, како татко, ќе каже ли нешто за овие 32.000 жртви во Газа, ќе каже ли нешто за над 15.000 деца убиени во Газа, убиени цели фамилии по принципот на спржена земја? прашува Јакимовски.

Ss1

Можете да прочитате

Анализа: Претседателска дебата – Пендаровски доминираше, Силјановска нервозно и цинично одговараше

Пендаровски: Силјановска е соучесник на Мицкоски кога упатува навреди кон мене

Николоски од Струмица: Врвен претставник на криминал и корупција во Македонија е Артан Груби