Утрински Весник
Македонија

АХВ конечно функционира – фрлена небезбедна храна, засилени инспекции!

Img 2417.jpeg

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) конечно започна да работи ефикасно и видливо за јавноста! Во последните 6 месеци, инспекциите донесоа извонредни резултати – огромни количини небезбедна храна се отстранети од пазарот, а институциите конечно се под засилен надзор.

Само минатата недела, 110 килограми небезбедна храна беа уништени од болничките кујни низ земјата во рамки на 43 вонредни инспекции.


Што открија инспекциите?
5 кујни воопшто не биле регистрирани во АХВ
4 кујни не ги исполнувале техничките стандарди за безбедност
8 кујни не ги задоволувале хигиенските и производствените стандарди
Откриена нехигиена, несоодветна опрема, оштетени простории и непочитување на стандардите за безбедност

Изречени се 15 решенија за отстранување на недостатоците и 5 парични казни.

Со години, граѓаните биле изложени на ризик од небезбедна храна, а институциите молчеле. Сега, конечно, АХВ презема конкретни чекори за заштита на јавното здравје!

Можете да прочитате

Стипендии за учество на летни школи по чешки јазик

ЛДП: Рисот како консензуално решение за новиот државен грб

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија мора да профункционира како правна држава