Утрински Весник
Македонија

Дете повредено при пад од тераса во напуштен објект во Куманово

Svr kumanovo.webp.webp

Дете паднало од тераса на напуштен објект од Куманово, соопшти денеска СВР Куманово. Вчера околу 21:20 часот во СВР Куманово, лекар од Итна медицинска помош пријави дека кај нив со повреди било донесено малолетно дете.

– Според пријавеното, тоа со повредите се здобило при пад од тераса во запуштен објект на улицата „Кирил и Методиј“ во Куманово-соопшти полицијата.


Увид извршила екипа од СВР Куманово која презема мерки за расчистување на случајот.

Поранешниот дом на пионери е речиси целосно запуштен и постојано е мета на вандали, иако се наоѓа во централно градско подрачје, помеѓу училишта. Општина Куманово има волја да го преземе објектот на поранешен „Пионерски дом“, во свое владение, но досега поднесените шест иницијативи до министерствата биле одбиени, соопштија надлежните на една од седниците од Советот.

Клучниот проблем останува правниот статус на објектот. Според важечките урбанистички планови, објектот е наменет за образование, додека во моментов дел од просториите ги користи детска градинка. Состојбата на објектот е сериозно нарушена, делови од инсталацијата се демонтирани и отуѓени, радијаторите и дел од техниката беа разнесени, односно објектот беше целосно демолиран.

Можете да прочитате

СЕЗОНСКА ПРОГНОЗА: Јули и август 2026 ќе бидат екстремно топли

Муцунски во работна посета на Германија, Обединетото Кралство и Ирска

Уапсен 18-годишник по предизвикан хаос од Василево до Богданци