Утрински Весник
Македонија

Средба Сали – Лосон, истакнато значењето на стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

20260506193826 big 730x400 90.webp.webp

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари работна средба и дискусија со Амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон, при што беше потврдена силната партнерска соработка и континуираната поддршка меѓу двете земји.

На средбата беше истакнато дека Обединетото Кралство претставува важен стратешки партнер и поддржувач на Северна Македонија, особено во процесите на реформи, зајакнување на демократските институции, економскиот развој, безбедноста и институционалната трансформација.


Министерот Сали нагласи дека Владата останува целосно посветена на спроведувањето на Реформската агенда 2024–2027 и Планот за раст за Западен Балкан, како клучни механизми за модернизација на државата, подобрување на јавните услуги и забрзување на конвергенцијата со Европската Унија.

Во рамки на дискусијата беше потенцирана важноста од добро владеење, институционална координација, дигитализација, сајбер безбедност, борба против дезинформации, како и развој на политики засновани на резултати и институционална отчетност.

Соговорниците разговараа и за можностите за продлабочување на економската соработка, инвестициите, инфраструктурните проекти, иновациите и зелената и дигиталната трансформација.

Министерот Сали ја оцени како особено значајна континуираната поддршка од Обединетото Кралство за демократските процеси, институционалното зајакнување и долгорочниот развој на државата, нагласувајќи дека партнерството меѓу двете земји останува засновано на заеднички демократски вредности, владеење на правото и регионална стабилност.

Можете да прочитате

Миноски: Политиката денес е сведена на „приватна фирма“ за лични интереси

Претставата на Драмски театар „Мачкина глава“ ќе го отвори јубилејниот, 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Уставен суд поведе постапка за нееднаков третман при добивање на еднократна парична помош за новороденчиња