Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН ги става младите во центарот на политичкото одлучување

Photo13.jpeg

Во пресрет на Конгресот на Обединувањето на ВЛЕН, младинските форуми на партиите од коалицијата ВЛЕН предложија Резолуција за унапредување на младите во политичкиот и јавниот живот.

Водени од принципите на демократија, меритократија и еднакви можности, младите од ВЛЕН истакнуваат дека нивната застапеност е клучна за зајакнување на демократските институции и општествениот развој.


Резолуцијата предвидува конкретни заложби за зголемување на застапеноста на младите во раководните структури и изборните листи, нивен напредок врз основа на заслуги и транспарентност, како и креирање програми за обука на идни млади лидери.

Исто така, се нагласува потребата од зголемување на младинското вработување, поддршка на претприемништвото, редовни консултации со младите и нивно активно учество во демократските процеси.

Младинските форуми на ВЛЕН оценуваат дека оваа резолуција претставува значаен чекор кон градење на нова политичка култура, во која младите се активни носители на развојот и одлучувањето.

ВЛЕН ја реафирмира својата посветеност за зајакнување на младата генерација и нејзино ставање во центарот на јавните политики и институциите.

Можете да прочитате

Од март директна авионска линија Дубаи–Скопје три пати неделно

Буџетот и границата дупнати како швајцарско сирење, каде е Мицкоски, каде се одговорите? прашува СДСМ

ЛДП: Мегаскандалот Михаилова е доказ за ерозија на институциите и го дозакопува нашето европско досие