Утрински Весник
Македонија

Приведени девет возачи, седум возеле без дозвола, еден под дејство на алкохол и еден со активна забрана

Policzija.jpg

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, од кои седум возеле без дозвола, еден под дејство на алкохол и еден со активна забрана под дејство на алкохол.

Двајца возачи во Скопје и по еден во тетовско, Куманово, Гевгелија, Прилеп и Валандово управувале возило без возачка дозвола. Еден возач во Валандово управувал возило со под дејство на алкохол и еден возач во Свети Николе управувал возило со активна забрана и под дејстов на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.


Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Можете да прочитате

Марихуана наместо храна, перници и јоргани – разоткриена шверцерска рута преку Табановце

Гужви на бензинските по објавувањето на новите цени на горивата

Притвор и кривични по крвавата пресметка во Аеродром – двајца тешко повредени