Утрински Весник
Македонија

Мурати за МИА: Постапувањето на Судот за распуштањето на Собранието ќе зависи од ставот на работниот состанок

Средба на претседателот на Уставниот суд со рускиот амбасадор Баздникин

Скопје, 4 мај 2020 (МИА) – Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати за МИА вели дека минатиот четврток (30 април), од страна на судијата д-р Осман Кадриу е доставен предлог за поведување постапка по службена должност за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието, поради што закажал работен состанок на судиите, кој треба да се одржи оваа среда по завршувањето на седницата. Притоа, како што истакнува, понатамошното постапување на Судот по ова прашање ќе зависи од ставот кој би се зазел на овој работен состанок.

Мурати вели дека на дневниот ред за седницата која треба да се одржи оваа среда е предвидено разгледување на Одлуката за утврдување на постоење на вонредната состојба број 08-526/2 од 18 март 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.68/2020), донесена од Претседателот на Република Северна Македонија.

-По однос на втората одлука на претседателот на Републиката за утврдување на постоење на вонредна состојба, можам да Ве информирам дека има оформен посебен предмет и штом се изготви реферат ќе биде предложен за разгледување на седница на Судот,. истакнува претседателот на Уставниот суд

Во однос на одлуката за солидарноста во борбата против коронавирусот, Мурати истакнува дека никој од судиите не ја оспорил или е против легитимната цел – обезбедување средства за борбата со пандемијата, туку е спорен начинот на кој тоа е сторено – преку норми за чија неуставност и незаконитост постои основано сомнение.  Додава дека тој лично ќе донира 20 проценти од својата нето плата за месец април и дека дал предлог до другите колеги, но вели, сепак тоа е лична одлука

Целото интервју со претседателот на Уставен суд, Сали Мурати, МИА ќе го објави утре. дма/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лимани: Непријавувањето на насилството од страна на жртвите е еден од најсериозните проблеми

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим

61- годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за гинекологија