Утрински Весник
Македонија

Се подобрува енергетската ефикасност во две јавни претпријатија во Струмица

Се подобрува енергетската ефикасност во две јавни претпријатија во Струмица

Струмица, 4 мај 2020 (МИА) – Со заменување на прозорците и вратите се подобрува енергетската ефикасност во зградата каде што се сместени Јавните претпријатија „Струмица Гас“ и „Паркиралишта Струмица“, информираат од струмичката Општина.

– Деновиве почна замената на старите прозорци и врати со нови. На овој начин побрзо и полесно ќе се затопли просторот и значително ќе се намалат загубите на топлина, а со тоа ќе намали и потрошувачката на енергија, се додава во информацијата од локалната самоуправа.

За овој зафат ќе се потрошат еден милион и двесте илјади денари, обезбедени преку грант добиен по јавен повик од Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2020 година – енергетска ефикасност, објавен од Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, а аплициран преку Одделението за заштита на животната средина во Општина Струмица. рт/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание