Утрински Весник
Македонија

Филипче: Да не се крева паника без потреба, здравствениот систем е подготвен

Патник од Дубаи се проверува за коронавирус на Инфективна клиника

Скопје, 25 февруари 2020 (МИА) – Јавноста да не наседнува на лажни вести и да не се крева паника без потреба. Здравствениот систем е подготвен и спремни се сите капацитети на Клиниката за инфективни болести и на трите инфективни одделенија во Штип, Велес и Гостивар, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Апелираше патниците кои доаѓаат од критичните региони да се придржуваат до препораките во упатството, односно доколку почувствуваат некои од симптомите, да не шетаат по здравствените установи, туку да се јават на телефонските броеви на Институтот за јавно здравје.

– Со цел да не шетаат по здравствените институции, тие патници кои во моментот немаат никакви симптоми, а може да се во инкубациски период и кај кои евентуално по неколку дена се јават симптоми, да се јават на еден од телефонските броеви на локалните центри за јавно здравје и на Институтот за јавно здравје за да може тим соодветно опремен да ги посети во нивните домови, рече Филипче.

Додаде дека има сосема доволна количина на потребен материјал, односно оти располагаат со околу 40 илјади маски и 10-тина илјади мантили и скафандери, но оти се подготвува и набавка на дополнителен број.

Филипче уште еднаш апелираше да не се патува во критичните региони без итна потреба, а на денешната седница на Влада ќе се разговара за откажување на сите планирани патувања во Европа организирани од страна на државните институции. рп/бак/

Изјава на министерот Филипче за коронавирусот

Posted by MИА.mk on Вторник, 25 февруари 2020

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор