Утрински Весник
Македонија

Нови тавани со современо осветлување во ЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ во Охрид

Нови тавани со современо осветлување во ЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ во Охрид

Охрид, 25 февруари 2020 (МИА) – Во Општинскиот електро-машински училишен центар „Свети Наум Охридски“ во тек се активности за реконструкција на таваните во објектот и поставување ново осветлување. Се поставуваат висококвалитетни плочи за спуштен плафон со соодветна лед електрика во сите училници, училишните ходници и административни простории, со средства во износ од 1,6 милиони денари обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

Истовремено со општински средства се врши и поврзување на објектот на новата спортска сала со котларата за парно греење, која се наоѓа во подрумските простории на училишната зграда, активност вредна 630 илјади денари.

Претходно беше сменет и покривот на училиштето, а беше поставена и нова дограма и се реновираа дел од училниците.

Предвидено е поставување нова енергетски ефикасна фасада на училишната зграда и реконструкција на училишната работилница за практична настава, како и замена на подовите во сите училишни простории. аб/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кузеска: Непотизам – братот на Трајко Славески од чувар до функционер, М-НАВ е како комитет на ВМРО

Професор Димов: Иловица има потенцијал што Европа веќе знае како да го развива 

Приведени 64 возачи изминатиот викенд, 1.426 сообраќајни прекршоци