Утрински Весник
Спорт

РФМ ќе поднесе приговор до ЕХФ за несоодветна кратенка за нашата држава

Rfm.png

Ракометната федерација на Македонија ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција, во врска со употребата на несоодветната кратенка за нашата држава за време на телевизискиот пренос од денешниот натпревар меѓу Македонија и Грција.

Ракометната федерација на Македонија смета дека ваквите пропусти се неприфатливи и очекува соодветна реакција од надлежните институции, како и преземање мерки за спречување на слични ситуации во иднина.


За време на директниот пренос од ракометниот натпревар меѓу грчките и македонските ракометни репрезентации, на графиката стоеше кратенка NMKD.

Можете да прочитате

Пораз на македонските ракометари од Грција

Меѓународен џиу-џица турнир „Скопје Опен 2026“ во Општина Илинден

Алкараз спаси две меч-топки и обезбеди полуфинале на Мастерсот во Париз