
Претседателот на САД Доналд Трамп ја нарече Ормуската Теснина „американска територија“, додека Вашингтон продолжува со воената блокада на иранскиот поморски сообраќај и пристаништа, обидувајќи се да стави крај на војната со Иран, пишува „Гардијан“.
– Дури и не знаеме дали победивме, бидејќи во моментов ја гледам Ормуската Теснина како американска територија, рече Трамп, обраќајќи се на митинг во Јужна Каролина на сенаторката Дарлин Греам, која се кандидира за трајно пополнување на местото во Сенатот на нејзиниот покоен брат Линдзи Греам.
Подоцна во својот говор, Трамп се пошегува за бомбардирањето на Иран.
– Петок навечер е. Имаме многу време. Што по ѓаволите треба да правам? Да се вратам и да го бомбардирам Иран уште малку? рече Трамп пред да ја изрецитира „Змијата“, песна што често ја користи на предизборните митинзи за да ги нагласи своите антиимигрантски ставови.
Изјавата на Трамп доаѓа во пресрет на најавените нови и досега најстроги санкции против Иран, откако Вапингтон и Техерен не успеаја да испреговараат мировен договор за ставање крај на шестмесечниот конфликт.
Администрацијата на Трамп се обидува финансиски да го притисне Иран, ограничувајќи го пристапот до Ормуската Теснина, витален воден пат за извозот на нафта. Приближно една петтина од светската нафта минува низ овој водниот пат, кој се граничи со Иран и Оман.
Трамп минатата недела се закани дека ќе го прогласи теснецот за територија на САД.
– Ниеден брод не поминува освен ако ние не сакаме. Ние го контролираме со блокадата и ми се допаѓа идејата да го прогласиме за територија, кажа Трамп за време на говорот во полициската академија во Њујорк во понеделникот.
Тој, исто така, објави слика од мапа на социјалните медиуми, означувајќи го водниот пат како „нова територија на САД“.
Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, ги отфрли коментарите на Трамп како „заблуди“.
Техеран му одговори на Трамп со објава на мапа на САД на која Калифорнија е прикажана како „нова територија на Исламската Република Иран“.



