Утрински Весник
Македонија

ДОМ: 1,13 милијарди евра за увоз на храна, а нивите пусти

Dom zname.jpg

Соопштение на ДОМ:

Држава што не може самостојно да ги прехрани своите граѓани ја губи својата суштинска независност. Додека обработливото земјиште се топи – намалено за една четвртина за 35 години (од 664.000 на 504.000 хектари) – увозот на земјоделски и прехранбени производи лани достигна енормни 1,13 милијарди евра, што е речиси двојно повеќе од извозот (564 милиони евра). Истовремено, реалната вредност на домашното производство едвај и да се зголемила за 4,1 отсто во однос на 1992 година.


Симболот на македонското земјоделство, тетовскиот грав, е најдобар доказ за ваквиот колапс: приносите што некогаш достигнувале околу 120 килограми по декар, денес се сведени на едвај 10 до 20 килограми. Дополнително, системот за наводнување во Теарце, наменет за околу 150 земјоделци, иако е изграден, сè уште е заглавен во административни лавиринти и не е ставен во функција. Проблемот повеќе не е само во условите за работа, туку во институционалната неспособност јавните инвестиции да стигнат до оние за кои се наменети.

ДОМ бара итна промена на пристапот и долгорочна стратегија за прехранбена сигурност преку:

• строга заштита на плодното земјоделско земјиште од пренамена и уништување;

• директна поддршка за малите и семејните земјоделски стопанства;

• субвенции поврзани исклучиво со реално производство и мерливи резултати;

• итни инвестиции во наводнување, складирање, преработка и организиран пласман;

• јасна стратегија за климатска отпорност и поттикнување на локалната потрошувачка.

Храната не е обична стока што секогаш можеме да ја купиме однадвор. Држава што го запоставува сопственото производство станува ранлива на туѓи пазари и кризи. Затоа, земјоделството мора да биде стратешки приоритет, а не само формалност и статистика!

Можете да прочитате

Мојсоска: Климовски по стапките на Перпарим Бајрами го продолжува договорот на Мегавин со бугарското коцкарско подземје

Скопјанец осомничен за силување дете помладо од 15 години

Геговска: На жените во Македонија не им треба лицемерие и мртво слово на хартија, туку вистинска и навремена заштита