Утрински Весник
Македонија

Три опции во игра за нов Клинички центар во Скопје

Aliu minister.jpg
Dik 300x250 mk

Три опции се во игра за нов Клинички центар во Скопје, посочува министерот за здравство Азир Алиу во неделното интервју за Радио Слободна Европа. Дали тој ќе биде сменет во реконструкцијата на Владата, вели, ќе одлучи премиерот. Во меѓувреме, најавува дигитализација и реформи. Што ќе се менува во Мој термин и кога ќе има електронски рецепт и упат, како ќе го реши проблемот со недостатокот на лекари и термини за прегледи, се дел од темите за кои разговараме со Алиу. Министерот зборува и за Онкологија и најавува дека за една до две недели онколошкиот оддели би профункционирал во „8 Септември“, а наскоро и во Битола.

Со договорот со Обединетото Кралство градат односно доградуваат болниците во Штип, Кичево и Тетово. Се најавуваше дека после изборите ќе се објави јавен повик за финансиските институции. Кога ќе го објавите повикот и дали евентуално со договорот со Обединетото Кралство се планира и изградба на нов Клинички центар?

205 милиони евра од првата фаза од таа програма во тие институции коишто вие ги спомнавте, ќе се градат нови згради и ќе се обновуваат постоечките. Сè со цел да имаме соодветна инфраструктура во Штип, Тетово и Кичево. Во Кичево од почеток ќе имаме нова зграда бидејќи постоечката не ги задоволува базичните инфраструктурни побарувања. Во Тетово исто така ќе имаме нови згради и целиот кампус ќе биде реновиран. Во Штип исто така нова зграда за факултетот и организација на постоечките објекти за да бидат соодветни за таа здравствена дејност. Ова е само првата фаза.

Втората фаза ќе биде анализа на сите други регионални здравствени институции, бидејќи целта и мисијата и визијата на Министерството е дисперзија на здравствените услуги и регионализација на институции. Значи, да можеме во региони да имаме институции коишто ќе нудат здравствени услуги за тој регион. Ќе се направи соодветна анализа, веќе се прави мапирање на инфраструктура и на човечки капацитети за да може после да ги централизираме на тие региони, тие здравствени институции.

Во оваа фаза спаѓа и Клиничкиот центар. Во моментот се размислува помеѓу постоечкиот Клинички клинички центар – инфраструктурно и други можности. Една од нив е градење на потполно нов клинички центар во нова географска положба. И третиот момент е „8 Септември“, значи да се гради комплекс таму каде што ќе се префрли целиот Клинички центар како таков кај „8 Септември“. Сепак, ова е ептен многу рана фаза. Експертите ќе треба на крајот на денот да ни кажат и од инфраструктурна гледна точка е од аспект на флексибилноста и креирањето на соодветни процеси коишто се поврзуваат помеѓу административниот дел, клиничкиот дел и академскиот дел. Знаете дека Клиничкиот центар е блиску поврзан со факултетот заради тој „рисрч“ ориентиран момент. Така што сме претпазливи кога ќе се креира новиот Клинички центар да не трпи ниедна од овие три гранки.

Премиерот рече дека локацијата на „8 Септември“ е одлична. Вие што сметате дека е најдобро решение?

Едно од решенијата што ги разгледуваме е „8 Септември“. На крајот еве работната група и експертите ќе ги ценат и пристапот и инфраструктурата, но исто така и финансискиот момент дали „8 Септември“ останува крајна дестинација за Клинички центар. Ние сме отворени, ќе ги слушнеме експертите и нивното мислење.

Целото интервју прочитајте го на Радио Слободна Европа со клик ТУКА.

Можете да прочитате

Опожарено возило во Аеродром, нема повредени

Македонија во портокалова предупредувачка фаза поради обилните дождови

Тепачка по сообраќајно недоразбирање во Аеродром – три лица вмешани во инцидентот