Утрински Весник
Балкан

Судир меѓу автобус и автомобил во Србија: Има загинати и повредени

1762673015 suada autobusai i aut.format avif.width 1200 1024x628.avif.avif

Во судир меѓу автобус и патничко возило на Обреновачкиот пат, меѓу Умка и Обреновац во Србија, една лице загина, а осум се повредени, од кои едно потешко, јавува РТС.

Во директниот судир животот го загуби возачот на автомобилот, додека повредените беа пренесени со Брза помош во Ургентниот центар.

Станува збор за автобус на градскиот превоз. Несреќата се случи околу 6 часот наутро. Увидот е во тек, а сообраќајот на тој дел од патот е успорен.

Можете да прочитате

ЕК ги започна преговорите за вклучување на Западен Балкан во европската шема „Роаминг како дома“

Драма на небото над Србија: Воени ловци пресретнале патнички авион по дојава за бомба

Анталија во центарот на глобалниот дијалог за климатските промени како домаќин на COP31