Утрински Весник
Свет

Шпанската полиција откри нелегално подземно стрелиште, уапсени се три лица

20250417102712 big 730x400 55.webp.webp

Шпанската полиција откри илегално подземно стрелиште во куќа во јужната провинција Гранада, јави Би-Би-Си.

Според полицијата, соседите не можеле да ги слушнат истрелите, бидејќи објектот се наоѓал на длабочина од три ката под земја.


Во акцијата уапсени се три лица и запленети се повеќе парчиња оружје и над 60.000 евра во кеш.

Ова е првпат шпанската полиција да открие нелегално стрелиште со кое управува криминална група во земјата.

Можете да прочитате

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад